Вистината за „изгубените“ планинари од Србија, сепак е поинаква

4949 Views Ноември 13, 2017 Локално Редакција Емагазин

Во врска со објавата на телевизија Алфа за изгубените 19 српски планинари, сопственикот на Вила Љуботен извести дека објавеното не е точно и тие не биле изгубени.

„Имено госпоѓа Миланка Арсиќ се јави на телефон, јас лично зборував со неа и ме извести дека се наоѓаат во некое бачило и поради густа магла сакаа да останат во бачилото или ако сум во можност да дојдам по нив. Јас барав некои податоци за бачилото за да знам во кое се сместени.

По нивно објаснување веднаш знаев дека се на бачило под Ливадица, сопственост на Беким. Кажав дека тргам по нив и во истиот момент се понудија уште шест наши планинари за помош на кои сум горд и им се заблагодарувам. Сите заедно тргнавме и некаде за час и половина се сретнавме точно на местото каде и беа и за кое знаев дека се таму. 

Тргнавме заедно, го презедов водството и сите здрави, живи и среќни стигнавме во моето планинско одморалиште Вила Љуботен.

Луѓето здивнаа па вечера скопско пиво и со задоволство го прераскажуваа нивното патешествие од Беловиште-Пирибег па се до Вила Љуботен. На нивните лица видлив беше само физичкиот замор, но задоволството и среќата во нивните души огромна. Утредента поголем дел од групата го качија и Врв Љуботен. Целата приказна и вистината српските планинари е ова“, напиша сопственикот на Вила Љуботен на фејсбук статус.

Телевизија „Алфа“ јави дека по 18 часа беспомошно лутање по Шар Планина во лоши временски услови и густа магла, 19. српски државјани беа спасени од седум македонски планинари, кои тргнале да ги бараат низ Шар Планина за по пет часа конечно да ги пронајдат и спасат.

Фото: Алфа ТВ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови