Ердоган разговарал со папата: Израел е окупаторска држава што напаѓа деца

257 Views Декември 10, 2017 Свет Никола Осило

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа повторно ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Ердоган го обвини Израел дека е окупаторска држава.

Турскиот претседател оцени дека Израел „предизвикува терор со својата полиција и војници“ и додаде дека „одлуката на Трамп не е во согласност со законите или правдата“.

„Израел продолжува да се шири и да ги потиснува палестинците. Израел е држава на окупација. Тие напаѓаат цивили, вклучително и деца во Газа и на Западниот брег, спроведувајќи терор со својата полиција и војници“, вели Ердоган.

Тој посочи дека во изминатите денови разговарал со светски лидери, како и со папата Франциско и дополни дека тоа не е само муслиманска работа, туку проблем и за христијаните и за Евреите.

Фото: ekathimerini

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!