Орце Камчев рангиран меѓу 17 олигарси кои ја креираат судбината на Источна Европа

4300 Views Декември 10, 2017 Бизнис Никола Осило

Македонскиот бизнисмен Орце Камчев, сопственик на „Орка холдинг“ се најде меѓу 17 олигарси кои ја креираат судбината на Источна Европа во рангирањето што го спроведе германскиот „Остпол“.

Германците прашале 17 истражувачки новинари да им посочат примери во нивните земји од олигарси и тајкуни кои затсктриени зад сцените битно влијаат врз општествениот живот.

Во текстот за Камчев се вели дека според „Форбс“ тој е најбогат човек во Македонија и неговото богатство се проценува на 223 милиони евра, како и дека поседува банки, градежни компании и болници. Се споменува дека Камчев е во блиски односи со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, но и дека има врски надвор од земјата како со рускиот милионер Сергеј Самсоненко и поранешниот британски премиер Дејвид Камерун.

Друштво на Камчев на оваа листа му прават Мило Ѓукановиќ од Црна Гора, Мирослав Мишковиќ од Србија, Бојан Петан од Словенија...

Целата листа ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!