Богдановиќ: Жителите на Центар да пријават напуштени миленичиња и расфрлен отров

385 Views Декември 10, 2017 Локално Никола Осило

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ги повикува граѓаните доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје веднаш да се јават на телефонските броеви: 070 424685 Емилија Поповска и 075 437068 Јулија Малахова.

Градоначалникот, информираат од општина Центар, веќе разговараше со командирот на полициската станица Центар и договорено е да се зајакнат контролите.

Општинските власти ги повикуваат граѓаните да пријават доколку забележат и напуштени домашни миленичиња.

Фото: Biritish council teens

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!