Нобеловата награда за мир за Меѓународната кампања за забрана за нуклеарното оружје

642 Views Декември 10, 2017 Свет Никола Осило

На свечена церемонија во седиштето на градската управа на Осло денеска на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје и беше врачена Нобеловата награда за мир за 2017 година.

Примајќи ја наградата, претседателката на Кампањата, Беатрис Фин апелираше за поддршка на Договорот за забрана на нуклеарното оружје, кој за да стапи во сила треба да го ратификуваат најмалку 50 земји потписнички. Досега Договорот е ратификуван само од четири држави.

„Договорот претставува избор - избор меѓу два краја: крај на нуклеарното оружје или крај за нас. САД - изберете ја слободата наместо стравот, Русија - избери го разоружувањето наместо разурнувањето, Велика Британија - избери го владеењето на правото наместо угнетувањето“, порача Фин.

Таа посочи дека е неразумно да му се дозволи на нуклеарното оружје „да управува со светот“.

Фин на церемонита беше придружувана од 85-годишната Јапонка, Сацуко Турлоу, која го прежеваала нападот со атомска бомба во Хирошима во 1945 година и целиот свој живот го посветила на борба за забраната на нуклеарното оружје.

Претседателката на Норвешкиот нобелов комитет, Берит Рајс-Андерсон од своја страна изјави дека главниот аргумент на Меѓународната кампања е дека се додека постои нукеларно оружје, светот нема да биде безбеден.

На церемонијата на доделување на наградата не присуствуваа амасадорите во Норвешка на земјите кои поседуваат нуклеарно оружје - Велика Британија, Индија, Кина, Пакистан, Русија, САД и Франција.

Фото: AFP

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!