Македонија трет месец без министер за здравство

Веќе трет месец Македонија е без министер за здравство. 

Додека секторот кој со години е во катастрофална состојба го чека својот прв човек да ги среди работите за општо добро на сите граѓани, коалиционите партнери во Владата никако да се договорат кој ќе го замени Арбен Таравари, кој по изборите на 15.октомври стана градоначалник на Гостивар.

Наместо конкретно име, последниве недели имаше многу шпекулации од типот дека сега СДСМ го сака овој ресор или дека Алијансата за Албанците, веќе има свој кандидат, но чека потврда од премиерот Зоран Заев.

Информацијата дека Таравари ќе се кандидира за градоначалник беше објавена на 3. септември.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.