Владата го менува Законот за јавно обвинителство: Обвинителите ќе ги контролираат полицајците

1599 Views Ноември 14, 2017 Македонија Никола Осило

Министерство за правда подготвува предлог закон за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство. Во образложението се вели дека постоењето независни, ефикасни и навремени механизми за контрола на работата на полицијата е барање согласно ЕКЧП и нејзиното прецедентно право.

„Овие механизми е потребно да бидат хиерархиски независни од оние чие постапување е предмет на истрага. Повеќе извештаи на меѓународни организации, како и на национални институции и невладини организации наведуваат дека контролните механизми над телата за спроведување на законите во Република Македонија не се на соодветно ниво. Ова е потврдено и со повеќе пресуди на ЕСЧП во Стразбур каде што е утврдена повреда на ЕКЧП.

Имплементација на надворешниот независен контролен механизам во нашето законодавство за припадниците на Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција. Еден од сегментите на овој механизам е воспоставување контрола од страна на јавното обвинителство“, се вели во образложението.

Фото: gsb.standford.edu

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!