Почна украсувањето: Новогодишна елка може да се најде од 10 до 150 евра

Сите оние кои оваа година планираат да купат нова елка и украси ќе треба да издвојат од 400 до 10.000 денари колку што чини вештачка елка до три метри.

Кинеските продавници како и хипермаркетите, па дури и онлајн продавниците веќе нудат вештачки елки како и новогодишни украси.

Најевтини се оние кои се високи половина метар, додека најскапите се тие до три метри.

Љубителите на природни елки ќе мора да почекаат уште неколку дена, кога и тие ќе им бидат достапни.

Според она што се нуди на пазарот новогодишна елка со тенки иглици и раскошни гранки со висина 2.70 м метри чини 10.000 денари. Иста таква елка, но малку помала со висина до 2.40 метри и 140 гранки може да се најде по цена од околу 6.000 денари. Елка пак во висина од 1.50 метри која има околу 140 гранки чини околу 1.700 денари.

За оние кои имаат поплиток џеб може да се најде елка од пола метар по цена од 400 денари, а вештачка елка во висина од 90 сантиметри може да се најде по цена од 690 денари. За елка од метро и пол ќе треба да платите околу 1.500 денари.

Во последните неколку години, според продавачите голем интерес има и за белите елки. Од она што се нуди, елка со бели иглици во висина од еден метар може да се најде по цена од 400 до 1.000 денари.

Се нудат и украсени елки, а оние високи од половина до еден метар може да се најдат по цена од 500 до 1.500 денари.

Но, покрај елките тука се и лампионите и другите украси за новогодишното украсување на вашиот дом.

Па така едно пакување на десет мали лампиони може да се најде по цена од 500 до 300 денари, пакување со бисерна лента чини од 100 до 250 денари.

Траки за украсување на елката може да се најдат исто така за различни цени од 50 до 100 денари.

Додека пак сијаличките може да се најдат по цени од 200 па до 500 денари во зависност од големината, бојата и бројот на сијалички.

Ако пак целосно Ве има „фатено“ новогодишната еуфорија тогаш пак во супемаркетите може да најдете секакви новогодишни украси, од шољи, чинии, јастучиња, салфетки и чаршави по цени од 50 до 500 денари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.