Нашата Елена Реи на насловна страница на „Авенуел“

Иако веќе еден месец повторно e дома, нејзината работа никогаш не престанува, па така од пред извесно време нашиот најпознат топ модел Елена Реи повторно блесна на насловна страница и тоа на модниот луксузен магазин „Авенуел“.

Откако се врати од Сеул, Елена за само два месеци беше во Париз, Милано и Берлин каде имаше сликања и кампањи за познати брендови помеѓу кои и за врвниот бренд Nino Cerruti.

„Сето она малку слободно време што го има додека е во својата земја мислев дека ќе го посвети на одмарање и дружба со блиските, но повторно ме изненади кога ја гледам како се посвети на тренинзите и фокусираноста кон работата. Навистина и се восхитувам на професионалноста и одговорноста,токму затоа ја бараат од сите страни на светот“, вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН. 

Инаку како последни нејзини големи проекти се кампањите за Sephora, Kappa, брендот за накит Belpearl, Chaume, Galeries Lafayette и кампањата за модниот магазин ELLE во прекрасните раскошни креации на дизајнерот Зухаир Мурад.

„Елена Реи деновиве оди за Виена ,а после тоа лета на друг крај на светот, ние сепак остануваме тука, помеѓу другото  да се радуваме на нејзините нови постигнувања и успеси“, додава Наумовски.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.