еМагазин номиниран во две категории за „Сајт на Годината“

еМагазин и годинава е номиниран во две категории за „Сајт на Годината“. еМагазин е номиниран во категоријата „Вести и информации“ и „Е-трговија и огласи“.

Mанифестацијата "Сајт на Годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по осми пат.

Прогласувањето на годинешниве победници ќе биде на 16. декември.

Изборот на “Сајт на Годината“ е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

“Сајт на Годината“ ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

Повеќе информации за „Сајт на Годината“, ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.