Нов банкомат на Охридска банка Сосиете Женерал во населба Влае

Во насока на обезбедување на што поголема достапност на услугите на Охридска банка Сосиете Женерал, ги информираме клиентите дека во функција е нов банкомат во населба Влае, лоциран на бул. „Партизански Одреди“ бр.130, на бензинската станица Макпетрол.

На сите клиентите покрај мрежата на банкомати, им стои на располагање и мрежата на експозитури ширум земјата, како и електронското банкартство и апликацијата за мобилно банкарство „Моја Банка Мобилна Банка”, која на клиентите им овозможува на брз и едноставен начин да управуваат со својата банкарска сметка од својот мобилен телефон.

Повеќе информации за производите и услугите на Охридска банка Сосиете Женерал, како и мрежата на експозитури и локатор на банкомати можат да се најдат на www.ohridskabanka.mk.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови