Вработените во Општина Центар во јануари ќе добијат К-15

520 Views Декември 11, 2017 Локално Редакција Емагазин

Вработените во Општина Центар во јануари следната година ќе добијат регрес од околу 15.000 денари. Ова се должи на Колективениот договор кој денеска го потпишаа УПОЗ и Општина Центар кој предвидува повеќе права за вработените кои досега ги немаа.

Договорот, според претседателката на синдикалната организација при Општина Центар Катерина Цаневска Арсовска, предвидува и зголемени права во делот на платеното остуство, дневници, надоместоци, теренски додаток, надоместок за користење сопствено возило, правото за слободни деновои за оние кои имаат прваче, за отсуство при селидба, свадба...

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на потипшувањето на договорот на вработените во Центар им порача дека со овој Колективен договор двете страни ќе треба да преземат свои обврски.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Пецо Грујовски информираше дека Центар е трета општина која го потпишува Колективниот договор, покрај Гостивар и Струга и дека очекува и другите општини, како и јавниот сектор да го следат овој пример.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.