Фирмите на семејството Каранфиловски во меѓусебни бизнис зделки вредни 79 милиони евра

2209 Views Декември 11, 2017 Бизнис Никола Осило

ФЗЦ „11 Октомври“ преку Македонската берза објави одлука за одобрување  меѓусебно поврзани зделки со поврзаните друштва: Квалитет пром ДООЕЛ увоз-извоз Куманово; друштво за производство и трговија на големо и мало, увоз – извоз Детоил ДОО Куманово; друштво за градежништво и услуги Рапид билд ДОО Куманово, Мак Пипе ФЗЕ Слободна зона Џебел Али Дубаи УАЕ.

Вкупна вредност на зделките (заеми, цесии, договори за продажба) изнесува 4.894.000.000 денари или околу 79,5 милиони евра, од кои 30 милиони евра отпаѓаат на договорот меѓу ФЗЦ 11 Октомври и Мак пипе Дубаи за извоз на производи од Македонија во Дубаи.

„Сите овие друштва се во сопственост на Тони Каранфиловски или членови на неговото семејство или друштвата основани од Тони Каранфиловски или членови на неговото семејство“, се вели во одлуката објавена на Македонската берза.

Сите детали ТУКА.

Фото: ФЗЦ 11 Октомври

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!