Повредените ученици пуштени дома, возачот задржан на лекување

Десет од учениците кои се превезуваа во автобусот кој утринава се судри со комбе на патот Демир Хисар - Кичево се полесно повредени, а потешко повреден е еден од возачите на автобусот.

Од Клиничката болница во Битола, каде се однесени повредените, информираат дека повредените ученици по укажаната лекарска помош се пуштени дома, а возачот, кој е потешко повреден, е задржан на лекување. 

- Децата се испратени дома без некои потешки повреди. Еден од возачите е прегледан и без некои потешки повреди е пуштен дома, додека другиот е задржан на болничко лекување на Ортопедија. Има фрактура на карлицата и подлив на екстремитетите, вели Зоран Лазарев, директор на Клиничката болница во Битола. 

Сообраќајната несреќа се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар - Кичево. Во автобусот се превезуваа 30-тина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар. 

МИА/фото:atlasobscura

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови