Промена во управувачката структура на светиниколска „Мода“

166 Views Ноември 14, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Ангел Димитров од неизвршен е назначен за извршен член на Одборот на директори на Акционерско друштво за производство на конфекциски производи „Мода“ Свети Николе.

Разрешени од позицијата се извршните член на Одборот на директори, Грозде Цветковски и Менфред Михалски, објави Централниот регистар..

За неизвршен член и претседател на Одбор на директори е назначена Мара Саздовска, за неизвршен и независен член е назначен Јорданчо Давитков, а за неизвршен член е назначен Менфред Михалски кој беше во извршната структура на Одборот на директори во светиниколска „Мода“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови