(ВИДЕО) Црногорка депортирана од САД откако 30 години живеела илегално во Детроит

1321 Views Ноември 14, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Во рамките на засилената кампања за депортирање на илегални имигранти од САД, од Детроит е депортирана и 50-годишната Црногорка, Захрија Пуровиќ, која во земјата живеела 30 години и таму израснала три деца, јавија американсиите медиуми.

Во 2001 година, Пуровиќ и нејзиниот поранешен сопруг биле повикани да дадат изјави пред американската Служба за имиграција и натурализација (ИЦЕ), при што Пуровиќ рекла дека се запознале во САД, додека сопругот изјавил дека биле во брак пред да дојдат во земјата.

Поради ова несогласување, агентите на ИЦЕ почнале постапка за депортирање на Пуровиќ и минатата недела издејствувале депортација и покрај нејзината жалба до Апелациски суд.

Разделбата на Пуровиќ со нејзините деца и блиски пријатели беше снимена и објавена на социјалните мрежи, како и од медиумите од Детроит. Една од нејзините пријателки загубила свест при разделбата на аеродромот во Детроит.

- Ова е бесмислена одлука за депортација. Мојата клиентка немала никакво криминално досие и побарала азил во САД и во тек е процес пред Шестиот апелациски суд. ИЦЕ ја депортира во држава во која мојата клиентка не влегла 30 години, изјави адвокатката на Пуровиќ, Кери Пастор, за локалните медиуми.

Со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, американските власти го засилија депортирањето на илегалните доселеници, согласно неговото ветување дека ќе воведе ред во имигрантската политика.

Фото/Видео: МLive

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови