На 19. декември ќе се знае дали семејството на убиениот Рами Јусуфов, ќе добие 1 милион евра отштета

Основниот суд Скопје 2 на 19. декември ќе ја соопшти пресудата за случајот во кој семејството на убиениот Рами Јусуфов, од Љуботен бара 1 милион евра отштета.

Јусуфов беше убиен за време на воениот конфликт во 2001 година, а доколку судот одреди семејството да биде обештетено, средствата ќе се исплатат од буџетот на Министерството за внатрешни работи. 

Елмаз и Зенеп Јусуфови, синови на убиениот Рами Јусуфов отворија судски процес против државата Македонија и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски и бараат отштета од 1 милион евра.

Судот веќе донел одлука со која го отфрлил барањето за проширување на тужбата против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.