Ретка видео-снимка од времето на Османлиите: Како се славел Ѓурѓовден во Македонија

4189 Views Ноември 14, 2017 Ретро Никола Осило

Со оглед на тоа што според старите македонски обичаи зимата почнува со Митровден, а завршува со Ѓурѓовден станува јасно дека доаѓаат студените денови, кои и според прогнозите на метереолозите не очекуваат во наредниов период.

Пионерите на филмот во Македонија и во Југоисточна Европа познатите браќа Јанаки и Милтон Манаки се одговорни што и денес можеме да видиме како се живеело на овие простори пред стотина години.

Во оваа прилика објавуваме прекрасен филмски материјал кој датира од периодот 1908-1912 година, а на кој може да се види како во битолско се славел Ѓурѓовден.

Фото/видео: Кинотека на Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!