Сите членови на ДИК поднесоа оставка?

Членовите на Државната изборна комисија, (ДИК), Виолета Дума и Игор Милев поднеле барање за престанок на функцијата, потврди за Телевизија 24, Виолета Дума, а оставката на претседателот на ДИК Чичаковски, самиот ја потврди за МИА.

Оставките се неотповикливи, а според Дума парите што членовите ги земале како надомест поради и што беа критикувани во јавноста веќе ги вратиле во државниот буџетот.

Оставките следуваат откако во јавноста беше обелоденето дека на затворена седница да си поделат вртоглави суми како надоместоци за последните изборни циклуси.

Според неофицијалните информации, за останатите членови оставките се напишани и се чека да бидат испратени до Собранието.

Извор: ТВ 24/Фото: МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот имаат членовите на ДИК: Чичаковски има еден стан и кредит

Претседателот на ДИК Чичаковски поднесе оставка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.