Пад на продажбата: Преполовена добивката на „Витаминка“

831 Views Ноември 15, 2017 Бизнис Никола Осило

„Витаминка“ АД Прилеп за периодот јануари – септември 2017 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех во износ од 15,4 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат за истиот период минатата година во износ од 37,7 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Најголемо влијание на намалување на позитивниот финаниски резултат има падот на приходите од продажба, негативното салдо од промените во залихите на почеткот и крајот на периодот и зголемената амортизација“, информираат од компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!