Притвор и за спасувачот на Зијадин Села

Членот на собраниското обезбедување, Абдулфетах Алими од кумановско Оризаре кој го спасуваше Зијадин Села доби 30 дневен притвор за настаните од 27. април, пренесува А1Он.

Тој во судот се појави со адвокатка од каде со полициско комбе беше пренесен во затворот во Шуто Оризари.

Алими е обвинет по член 313 од КЗ за непостапување во службата, односно според обвинението тој ги дал клучевите од собраниските врати.

Извор: А1Он

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.