Пратениците денеска ќе гласаат дали има потреба од донесување на закон за јазици

Денеска попладне пратениците ќе гласаат за потребата од донесување на законот за јазици.

Вчера заврши собраниската расправа за законот за употреба на јазиците во прво читање.

Законот потоа оди во собраниската Комисија за европски прашања каде ќе се поднесуваат амандмани.

Бидејќи законот има европско знаменце, според Деловникот, расправата во Комисијата трае три дена, по што законот ќе оди на пленарна седница.

Законот се носи со просто мнозинство, мора да има кворум од 61, а од нив треба да гласаат 41 пратеник, плус по Бадинтер, односно да гласа и мнозинството припадници од малцинските заедници.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови