Почнува судењето за „Триста“: Ѓоко Поповски седнува на обвинителната клупа за тендерот за полициски возила

Денеска во скопскиот Кривичен суд треба да се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Триста“ во кој е обвинет поранешниот помошник-министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Поповски се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра.

Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови