Путин нареди повлекување на руските војници од Сирија

507 Views Декември 11, 2017 Свет Никола Осило

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во ненајавена посета на Сирија и нареди повлекување на руските сили од таа држава. Путин пристигна во воената воздухопловна база Хмајмим, што е една од неговите ретки посети на Сирија, која шест години е зафатена од војна.

Рускиот претседател беше дочекан на аеродромот од претседателот на Сирија Башар ал Асад, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и командантот на руските сили во Сирија генерал-полковник Сергеј Суровкин.

Посетата на Путин доаѓа откако силите на претседателот Башар ал Асад ја презедоа контролата над земјата од Исламска држава, со помош на руските воздушни напади.

„Им издадов наредба на министерот за одбрана и началникот на Генералштабот да почнат со повлекување на руските воени сили од местата на постојана дислокација“, истакна Путин пред војниците.

Тој изјави дека „генерално, борбенените дејствија на оваа територија се завршени со целосното искоренување на терористите“ Путин најави дека во Сирија ќе има две руски постојани воени бази - Хмајмим и Тартус. Руски војници ќе останат во Сирија, како дел од мировните напори и заради помош на сириската војска во борбата против терористичките групи во земјата. За денеска е планирана посета на Путин и на Египет и на Турција.

Фото: npr.org

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!