Годинава увозот на нафта и нафтени деривати поголем за 22%

342 Views Декември 12, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Драстичен раст на увозот на нафта и нафтени деривати годдинава. Податоците за трговска размена на Народната банка покажуваат дека во првите три квартали годинава во земјава се увезени нафта и нафтени деривати во вкупна вредност од 323,7 милиони евра.

Тоа е за 58,2 милиони еврa или 22% повеќе споредено со истиот период лани кога во земјава биле увезени нафта и нафтени деривати во вредност од 256,5 мииони евра.

Во исто време расте и извозот. Така од јануари до септември извозот на нафта и нафтени деривати достигнал 35,3 милиони евра што е за 8,6 милиони евра повеќе споредено со истиот период лани кога извозот изнесувал 26,7 милиони евра.

Цената на нафтата на светските берзи годинава имаше континуиран раст, а со тоа и цената на нафтените деривати.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.