Застрашувачки случај во Дебар: Мајка ја терала малолетната ќерка на полови дејствија со старец

1361 Views Декември 12, 2017 Македонија Никола Осило

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б. (60) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, соопшти МВР.

Во кривичната пријава е опфатена и А.К. (37) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „запуштање и малтретирање на дете“.

„Б.Б. во неколку наврати сексуално, со допирање ја злоупотребил малолетната ќерка на второпријавената А.К.. Таа, по барање на Б.Б. ја присилувала својата ќерка на полови дејствија со него, но и самата вршела полови дејствија во присуство на малолетната ќерка. Малолетничката, за таквите постапки го известила и побарала помош од својот татко“, соопшти МВР.

Со девојчето бил извршен разговор во присуство на стручни лица од Меѓуопштински центар за социјални работи Дебар. Притоа, била донесена одлука да се отстрани А.К. од семејството и да се преземат дополнителни мерки заради заштита на малолетно лице.

Фото: Hymilan buzz

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!