Ограбена филијала на „Шпаркасе банка“ во Кичево

274 Views Декември 12, 2017 Локално Редакција Емагазин

Филијала на „Шпаркасе банка“ во Кичево денеска е ограбена при што е одземена сума на пари која сеуште не е утврдена.

Според првичните информации, кражбата ја извршило едно вооружено лице кое од шалтер во банката одзело извесна сума пари и избегало.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски потврди дека имало кражба, но повеќе детали, како што истакна, ќе бидат објавени по зваршување на истрагата. 

МИА

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.