Службените трошоци на државните функционери стануваат достапни за јавноста

273 Views Декември 13, 2017 Македонија Никола Осило

На 42-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за статусот на реализацијата на листата на акти и материјали коишто министерствата се обврзаа да ги објават на своите веб страни.

Дополнително владата донесе одлука со која се наложува веднаш и во целост да бидат објавени овие информации од страна на министерствата и државните институции кои до сега не ја завршиле својата законска обврска.

Во согласност со начелото на владата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства на денешната седница се донесе одлука со која се задолжија министрите, замениците на министри, државните секретари и генералниот секретар да достават информации за службените трошоци направени во рамките на предвидениот буџет во првите шест месеци од преземањето на функциите.

Праксата да се доставуваат службените трошоци во блиска иднина ќе се однесува и на сите останатите носители на јавни функции.

Со оваа одлука Владата на Република Македонија го задолжи Секторот за односи со јавност во Владата на РМ, да изработи софтверско решение за прикажување и визуализација на службените трошоци и истото да го постави на официјалниот сајт на Владa на Република Македонија.

Фото: spiegelonline

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!