Кои се најдобрите ресторани и кафулиња во Скопје

824 Views Декември 13, 2017 Локално Редакција Емагазин

Град Скопје, традиционално во соработка со Агенцијата „Свот“ избираат „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ и најдобро кафуле во град Скопје.

Проектот Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите се спроведува по  десети пат, а по вторпат се избираа и трите најдобри кафе барови на подрачјето на град Скопје.

Годинава за најдобри ресторани се избрани: 

1.„ Оливе“, 2.„Лајт џез клуб“ и 3.„Македонска куќа“,

Најдобри гостилници се:

1. „Сношти минав“, 2. „Кафана“  „Скара бар“,

Најдобри кафе барови се:

1.„ Рок Бар Круг“, 2. „ Mr. Jack“ и  3. „ Speakeasy“.

Кристијана Ивановска Доревска од „Свот“ рече дека годинава во текот на истражувањето биле опфатени 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафулиња на територијата на Скопје.

Спроведени биле вкупно 300 посети на гостилниците и рестораните, а  во кафулињата имало 210 посети, секој угостителски објект бил посетен 3 пати. 

Фото: Град Скопје

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.