Заокружено првото полугодие на „ЕВН Волонтира“

По повод Меѓународниот ден на волонтерите, ЕВН Македонија го одбележи првото полугодие на реализираните активности заедно со сите досегашни учесници во програмата „ЕВН Волонтира”. 

Признанија за успешно спроведена волонтерска активност им се доделија на сите волонтерски тимови и волонтери индивидуално. Најдобрите од нив добија и дополнително признание во категориите „Најдобар тим”, „Најдобар тим лидер” и „Најдобро управување со трошоци”.

„ Знам дека вистинската награда и признанија кои сте ги добиле, се благодарноста и насмевката на граѓаните кои имаат корист од доброто дело што сте го направиле за вашата заедница. Ние, како компанија, сме многу горди што ЕВН Македонија има вработени кои се одговорни и грижливи кон општеството”, рече претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер.

Петер им посочи на волонтерите да ги мотивираат останатите вработени за спроведување на нови волонтерски идеи.

„ЕВН Волонтира” почна со реализација во јули годинава. До сега се реализирани активности во неколку локации низ Македонија, и тоа: Скопје, Охрид, Брвеница, Куманово, Гевгелија, Велес, Виница, Кочани, Пробиштип, Кратово, Зрновци, Свети Николе, Делчево и Титов Врв. Учествуваа над 200 вработени преку 16 проекти. Сите досегашни активности ќе служат како инспиративни примери за волонтирање во наредниот период. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.