Телеком доби меѓународен сертификат за квалитетот на мобилната мрежа

Македонски телеком го доби сертификатот Р3 „Best in Test“, добиен по извршеното тестирање од компанијата P3 Communications. Според комапнијата ова е меѓународно признат сертификат за квалитетот на мобилната мрежа.

- Независното истражување, спроведено во ноември годинава, потврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати  за мобилен интернет и за говорни услуги. Оваа година, компанијата го достигна највисокиот резултат постигнат во Македонија, со 901 од 1000 можни поени.

P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар, соопштуваат од Македонски телеком.

Покрај ова и резултатите добиени од истражувањето на агенцијата „Брима“ покажале дека најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Македонски телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. 

Според истражувањето корисниците  сметаат дека Телеком има најдобар квалитет на говорни услуги, но и најстабилен и најсигурен мобилен и фиксен интернет.

- Ова признание ни е посебно драго затоа што доаѓа од корисниците и е резултат на постојаните инвестиции во мрежата и во новите технологии. Планираме и понатаму да продолжиме со инвестиции, кои не само што ќе овозможат најдобри и најиновативни услуги, туку и ќе ја поттикнат дигитализацијата во општеството, истакнува Андреас Елснер, главниот извршен директор на Македонски Телеком.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.