Рецептот на Никола Димитров за добрососедски односи

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на неговиот фејсбук-профил постираше фотографија од салата на која напиша:

„Одличен рецепт за добрососедски односи и решавање на проблеми“.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, и набљудувачите Словенија, Србија и Косово, денес во Скопје, учествуваа на состанокот на Партнерската Комисија. Со состанокот претседаваше министерот за надворешни работи Никола Димитров.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести