Народната банка продава цитроени Ц4 по почетна цена од 2.700 евра

5055 Views Декември 14, 2017 Бизнис Никола Осило

Народната банка распиша оглас за продажба на патнички моторни возила по пат на усно јавно наддавање и тоа на два цитроена Ц4 со произведени во 2008 година. Почетната цена на едното возило е 170.500 денари, а на второто 174.375 денари.

Заинтересираните лица кои ќе учествуваат на јавното наддавање треба да пополнат пријава за учество, која е достапна на веб-страницата на Народната банка на Република Македонија или да ја подигнат од архивата на Народната банка на Република Македонија.

Пријавите се доставуваат по пошта или во архивата на Народната банка на Република Македонија заклучно со 29.12.2017 година.

Сите детали од огласот ТУКА.

Фото: gummy.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!