Еуролинк Осигурување донираше таблети за децата од Заводот со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот во Битола

Вчера, во Битола, беше доделена донација на 76 таблети за дечињата од  Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола од страна на претставници на Еуролинк Осигурување.

Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола веќе 70 години активно работи, со рехабилитација и образование на децата со оштетен слух, говор, глас. Во заводот се регистрирани 76 деца од целата држaва, од кои 36 се интернатски сместени.

Во однос на типот и степенот на попреченост во институцијата се опфатени деца со оштетен слух,  деца со аутизам, деца со интелектуална попреченост и деца со комбинирани пречки во развојот – мултихендикепирани деца.

− Потребата од таблети како наставни помагала е од посебен интерес за овие ученици, со што ќе  им се олесни пристапот во совладување на наставната програма. Со оглед дека нема соодветни учебници за децата со посебни потреби, тие секојдневно се изложени  во текот на наставата со визуелно прикажување на тоа што се учи.

Таблетите се со можност за соодветни апликации за игри и стручна настава наменети за  учениците кои се опфатени во заводот, а се со различен тип на попреченост, со што воедно и ќе се компензира недостигот на информации од наставната програма.

Таблетите претставуваат одлична можност и за меѓусебна комуникација меѓу децата, надвор од училишните активности. Во таа насока, оваа донација е за нивна лична употреба − изјави г-ѓа Маре Стојменовска Мицева, директор на Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола.

– Во годината кога Еуролинк  слави 15 години од  своето постоење, продолжуваме да го даваме својот придонес  во поддршка и унапредување на образованието, овој пат за децата со оштетен слух, говор и глас  за  да им го олесниме пристапот во совладување на воспитно – образовната програма, да им овозможиме еднакви можности за развој, како и на другите нивни врсници – изјави Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк Осигурување.

Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.