Васко Ковачевски од СДСМ од пратеничката во директорската фотелја на РЕК Битола

Пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски поднесе оставка од пратеничката функција во Собранието, а неговата оставка ќе биде констатирана утре.

На негово место влегува Самка Ибраимовски, кој се повлече од министерката функција.

Ковачевски ќе биде новиот директор на РЕК Битола.

Во изјава за медиумите Ковачевски потврди дека можно е да има поголеми кадровски промени во власта, но за тоа ќе информирал премиерот Зоран Заев. 

Фото: СДСМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Стево Пендаровски повеќе не е пратеник и официјално станува Национален кординатор за НАТО

Самка Ибраимовски ја напушта министерската функција, ќе биде пратеник

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.