Груевски со пораки до кандидатите за лидер на ВМРО-ДПМНЕ: Не користете закани при собирањето потиписи

Кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на собирање потписи да не користат никакви форми на притисок, заплашување, закани, уцени, измами и изнудување, повика лидерот на партијата, Никола Груевски преку својот Фејсбук профил.

- Посебно сакам да нагласам дека доколку било кој го злоупотребува моето име како долгогодишен претседател на партијата, во контекст на собирањето потписи за поддршка и во контекст на гласањето, треба да се знае дека станува збор за лажно преставување и информирање, и доколку тоа е пресудно при носењето одлука за поддршка, треба да се одбие давањето подршка или глас, пишува Гревски.

Тој вели дека не овластил никого од кандидатите да се повикува на неговата, како што нагласува, наводна екслузивна поддршка, заради собирање потписи за поддршка или гласање. 

Сите негови пораки, ОВДЕ.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Груевски му се враќа на банкарството?

Политичката кариера и приватниот живот на Никола Груевски во 30. точки

Груевски: Нема да се мешам, ниту да сугерирам кој да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.