Вработени во АЕК земале плата, а не оделе на работа

2366 Views Декември 15, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Три лица вработени во Агенцијата за електронски комуникации скоро две години биле вработени, земале плата, а не оделе на работа.

Ова го покажува мониторинг-извештајот за работата на Агенцијата кој го подготви „Евротинк – Центар за европски стратегии“, НВО „Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Според извештајот во периодот од 17 до 21 август, по добиена усна претставка од Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд извршил инспекциски надзор за работните односи во АЕК, при што кај три лица биле констатирани неправилности.

Според извештајот кај првото лице, кое е вработено на неопределен период со полно работно време на работното место помлад соработник, преку увид во електронска- та евиденција за неговото работно време се констатирало дека во текот на 2016 година (од 1 февруари до 30 декември) не го евидентирал своето при- суство на работа.

Во 2017 година, истиот работник го евидентирал своето присуство на работа само во јануари, февруари и 15 дена од март, за од 29 март па сè до денот на вршењето на инспекцискиот надзор, повторно не го евидентирал своето присуство на работното место.

Во текот на инспекцискиот надзор, работодавачот (АЕК) не приложил никакви докази од кои може да се утврди дека работникот доаѓал на работа, односно докази дека го известил работодавачот и го оправдал своето отсуство од работа.

Кај второто лице кое, исто така, е на работна позиција помлад соработник, било констатирано дека од 28 март 2017 година па сè до моментот на ин- спекцискиот надзор не го евидентирал своето присуство на работа.

Присутното лице при надзорот изјавило дека во јули и во август користело го- дишен одмор, но не биле дадени на увид решенијата за користење годишен одмор.

Од увидот во писмените пресметки за плата, кај двете лица е констатирано дека часовите кога работниците отсуствувале од работа работодавачот ги навел како часови на ефективна работа и им исплатил плата врз основа на одработените работни часови, со што работодавачот исплатил плата спротивно на законските одредби и со тоа сторил повреда на Законот за работните односи.

Третото лице кај кое е најдена неправилност, е вработено на позицијата  раководител на сектор и кај тоа лице инспекцијата констатирала дека оправдано отсуствувало од работа, од 2 јануари 2017 година.

Од увидот во пресметките за плата за мај, јуни и јули 2017, констатирано е дека работодавачот не исплаќал плата согласно законските прописи.

Целиот извештај може да го видите ТУКА.

Фото: Викимапија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.