Скопје најзагадено, пак ќе чекаме ветар да не спаси

Попладне се очекува расчистување на маглата и загадувањето во Скопје. Од УХМР најавуваат дека околу пладне и попладне ќе почне да дува ветер кој ќе придонесе кон расчистување на маглата и загадувањето, а од утре ќе има и дожд.

Нивото на ПМ 10 честичките во изминатото деноноќие во Центар не се спуштило под 200 микрограми.

Максималните вредности ги достигнало во текот на ноќта кога се измерени до 470 микрограми на метар кубен. Утрово последните мерења покажуваат концентрации од 277 микрограми. 

Во Гази Баба нивото на ПМ 10 честичките се движеле од 90 до 560 микрограми. Најзагадено било во текот на ноќта, а утрово во 9 часот се измерени 184 микрограми.

Во Карпош од 199 до 625 микрограми. Утрово мерењата покажуваат неколкупати повисоки концентрации и во девет часот изнесуваат 261.

Во Лисиче концентрациите се движеле од 177 до 454 микрограми. Во текот на ноќта било најзагадено, а утрово се забележува намалување и во девет часот се измерени 181 микрограми на метар кубен.

Кај Ректорат мерните станици регистрирале концентрации на ПМ10 честичките од 222 до 638 микрограми. Од 20 до 22 часот било најголемо загадувањето со измерени од 610 до 634 микрограми на метар кубен.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.