Тетовчанец од кирија лани инкасирал 65,5 милиони денари

884 Views Декември 15, 2017 Бизнис Никола Осило

Прворангиран според вкупните остварени приходи од имот и имотни права во кои спаѓаат издавање земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид имот, во 2016 година е обврзник од Тетово кој пријавил 65,5 милиони денари, покажуваат податоци на Управата за јавни приходи (УЈП).

Највисок вкупен бруто приход од 17,3 милиони денари од авторски права и права од индустриска сопственост пријавил обврзник од Скопје.

Од милион до 27 милиони денари се износите што ги пријавувале граѓаните од добивки од Лото, обложување, казино и учество во наградни игри, при што највисока добивка односно вкупен бруто приход од игри на среќа остварил жител на Скопје кој само по тој основ пријавил 27,5 милиони денари.

Фото: the jeman group

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Пензионер од Струмица лани заработил 41 милиони денари

Највисоката годишна бруто плата од 2,7 милиони евра лани била исплатена во приватното здравство

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!