За чист град, пазари со Mastercard на Охридска банка Сосиете Женерал

Од денес започнува најновата наградна игра во организација на Охридска банка Сосиете Женерал за корисниците на дебитните картички од брендот Mastercard. Како награда банката доделува седумдесет велосипеди.

Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица –државјани на Република Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на која било од дебитните картички од програмата на Mastercard, издадени од Банката: Maestro, Mastercard Debit Standard и Mastercard Debit Gold.

Правилата за учество им овозможуваат на сите корисници на дебитните картички од брендот Mastercard да учествуваат во наградната игра со направени најмалку 20 трансакции од кои минимум една трансакција да биде направена со Mastercard Debit Standard картичката за физички лица со можност за бесконтактни плаќања.

Како валидни трансакции се сметаат трансакциите направени на ПОС-терминал на кое било продажно место на територијата на Република Македонија, како и трансакциите направени со електронско плаќање преку интернет.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда, со тоа што на секои дополнителни 20 трансакции, од кои минимум една трансакција со Mastercard Debit Standard, името на корисникот на картичката уште еднаш ќе се појавува како можен добитник, со што се зголемуваат шансите за награда.

Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 21.2.2018 г. со почеток во 10:00 ч., во просториите на Охридска банка АД Скопје, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници. Повеќе информации за наградната игра, клиентите можат да најдат на веб-страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на банката ширум земјата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.