Општина Карпош ќе ги запре градежните активности и ќе набави прочистувачи за школите и градинките

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев најави дека ќе се запрат сите градежните активности кои произлегуваат од работењето на општината и се однесуваат на тековно одржување на улиците, тротоарите и слични градежни зафати кои ги реализира oпштината, поради загадениот воздух.

– Во контекст на ова, бараме сите приватни инвеститори и изведувачи да го следат примерот на Општина Карпош и да запрат со градежни активности во моментите кога загадувањето е на највисоко ниво – додаде Богоев.

Тој најави дека ќе продолжат и редовните контроли, инспекции на градилиштата, со цел, да се спречи узурпирање на јавните површини и предизвикување на дополнителна нечистотија и загадување.

Богоев најави дека општината ќе започне процедура за итна набавка на прочистувачи на воздух за сите градинки и училишта на територијата на општината. Истовреме, ги повика сите инвеститори и општествено одговорни компании да донираат прочистувачи на воздух и заштитни маски за граѓаните или, пак, да донираат финансиски средства на наменската сметка на општината.

Градоначалникот на Општина Карпош исто така најави дека следната недела ќе биде свикана вонредна седница на Советот на општина Карпош на која тој ќе предложи донесување одлука за субвенционирање на заштитни маски за целни групи на граѓани. Тој ги повика граѓаните да пријавуваат загадувачи на отворената телефонска линија.

Општина Карпош е една од најзагадените скопски општини, каде што, вредноста на ПМ-10 честичките е неколку пат над максимално дозволената граница.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Општина Центар нема да субвенционира дрва за бадникарските огнови, поради загадувањето

Владата разгледува можноста за интервентна набавка на маски со филтри за прочистување на воздухот

Шилегов ги повика граѓаните да ги кажат нивните предлози, како против загадувањето на воздухот

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.