Општина Центар нема да субвенционира дрва за бадникарските огнови, поради загадувањето

Општина Центар информираше дека, за да се справи со загадувањето на воздухот, има засилени контроли на инспекциските служби за спречување на сите можности за загадување и горење на гуми и отпад, има отворен кол центар на кој граѓаните пријавуваат отворени и опасни огнови, а биле поставени и прочистувачи за воздух во градинките.

Како што информираат од општината, во изминатите 50 дена од стапувањето на Саша Богдановиќ на функцијата градоначалник на Центар, спроведена е голема акција за чистење на општина Центар во соработка со Град Скопје.

„Општина Центар оваа година нема да субвенционира дрва за бадникарските огнови поради загадувањето, а средствата ќе бидат пренаменети за нови зелени површини и подобрување на условите за живот на општината. Бидејќи начинот на греење е еден од можностите за загадување на воздухот, веќе е изработен проект и влезено е во годишниот план за работа, приклучување кон топлотната мрежа на Маџир Маало.“ информираат од таму.

Од таму соопштуваат дека и годинава, општината и ЈП ПОЦ ќе отворат Центар за згрижување на бездомниците. Се разгледуваат и варијантите за нови паркинг цени за стимулација на граѓаните да го користат повеќе јавниот превоз или да одат пеш.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Шилегов ги повика граѓаните да ги кажат нивните предлози, како против загадувањето на воздухот

Владата разгледува можноста за интервентна набавка на маски со филтри за прочистување на воздухот

Општина Карпош ќе ги запре градежните активности и ќе набави прочистувачи за школите и градинките

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.