Шилегов ги повика граѓаните да ги кажат нивните предлози, како против загадувањето на воздухот

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги повика сите граѓани да дојдат во просториите на Град Скопје во понеделник во 12 часот. и да му предложат идеи за решавање на проблемот со загадувањето.

– Апелирам до секој граѓанин кој мисли дека има одржлива идеја за решавање на проблемот за загадување да дојде во просториите на Советот на Град Скопје во 12 часот, со мене и мојот кабинет да ги сподели тие идеи. Заедно да ги разгледаме, колку се тие применливи и колку можат да придонесат за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот – рече Шилегов.

Тој рече дека до сега имало само две пријави на телефонскиот број 193 кој вчера го отвори Град Скопје за пријавување диви погони, палење на гуми, пластика и други штетни материјали на отворено, како една од мерките за решавање на проблемот.

Првата пријава е за запален контејнер на кејот 13 Ноември, а втората во село Шишево за запалена столарска работилница.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Општина Центар нема да субвенционира дрва за бадникарските огнови, поради загадувањето

Владата разгледува можноста за интервентна набавка на маски со филтри за прочистување на воздухот

Општина Карпош ќе ги запре градежните активности и ќе набави прочистувачи за школите и градинките

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.