Села остана без еден пратеник

Алијансата за Албанците остана со двајца пратеници. Третиот пратеник преминал во ДУИ, обелодени лидерот на  Алијансата за Албанците, Зијадин Села на средба со албанските печалбари во САД, пренесува ТВ 21.

- Никогаш не направив коалиција со ДУИ, но проблемот беше дека не можеше да се формира парламентарно мнозинство без нас. Ние имавме три пратеници, сега имаме две, бидејќи едниот отиде во ДУИ, ијавил Села.

Алијансата за Албанците имаше тројца пратеници: Зијадин Села, Сурија Рушити и Весел Мемеди.

Фото: Фејсбук/Зијадин Села

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.