Заминувањето во странство ја намалува невработеноста во Србија

812 Views Декември 17, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Пренесено од Данас, Белград

Заминувањето во странство ја намалува невработеноста. Судејќи според се тоа би била во добар дел, лоша, а не добра вест.

Имено, премиерката Ана Брнабиќ за РТС изјави дека „имаме намалена невработеност на околу 12 отсто што е високо, но е повеќе од половина намалена од 2013 година“.

Според податоци од анкета за работната сила на третиот квартал на стапката на невработеност изнесувала 12,9 отсто во споредба со 13,8 отсто во истото тримесечие од минатата година.

Тоа во пракса значи дека има 428 илјади невработени од 3,3 милиони активни луѓе (работа сила) во Србија.

За да се намали стапката на невработеност за една година на 10 отсто потребно е бројот на невработени да се намали за околу 96.000. Ако земеме предвид неодамна објавени бројки на ОЕЦД на држави по кои во 2015 година од Србија заминале 60.000 луѓе и тоа најмногу работоспособни, јасно е дека најголем дел за намалување на невработеноста е всушност катстрофалната демографска слика на Србија.

Економистот Владимир Гречиќ експерт за миграции, потврдува дека за намалување на невработеноста во голема мерка е последица на заминувањето луѓе од Србија.

– Воглавно заминуваат работоспособни луѓе на возраст од 20 до 35 години. Според податоци на германската статистика во 2016 година само во таа држава од Србија пристигнале 32.000 луѓе од Србија во просек на возраст од 28 годин.Според неодамна објавен и податоци на ОЕЦД, во 2015 годија во таа држава од Србија заминале 60.000 луѓе. Еден дел но многу мал, се врќаат во државата но има и луѓе кои заминуваат во држави кои не се во ОЕЦД, објаснува Гречиќ.

Како тоа се одразува на нашата економија најдобро покажуваат постојаните жалби на странски компании дека не можат да најдат доиволно квалификуван кадар.

– Во странство најчесто заминуваат профили кои се потребни и овде. Од друга страна имаме голем број високообразовани кои не се барани во други држави, но не ги бараат ниту наши компании, истакнува тој.

Економистот Младен Ковачевиќ исто така смета дека намалената невработеност е последица на емиграцијата на работоспособни луѓе од Србија без оглед дали овдека биле вработени или невработени.

– И тие кои заминале како вработени, оставиле простор некој да добие работа наместо нив. Треба да се истакне дека странски компании се повеќе вработуваат и дека тоа е фактор за намелена невработеност. Сепак, за тоа придонесува и статистиката која секој кој работел неколку часа го смета за вработен, вели Ковечевиќ.

Тој додава дека силното намалување на невработеноста и зголемувањето на бројот на вработени не се одразува на БДП во изминатите четири односно пет години.

Втора причина е економскиот раст во 2018 година кој е проектиран на 3,5 отсто иако постојат мислења дека може да достигне и до четири отсто.

Михаил Арандаренко професор на Економскиот факултет во Белград истакнува дека намалувањето на невработеноста под 10 отсто е можно, но тоа не мора да значи дека пазарот работи подобро.

– Тоа не би било лошо, но намалена невработеност е само една од целите. Потоа треба да се види што е за вработените. А, потоа во рамки на тоа дали расте формалната вработеност. И на крајот, и во таа формална вработеност да се види квалитетот на работните места. Ако се фокусираме само на таа една цел ќе ги пропуштиме сите останати, оценува Арандренко.

Тој вели дека и во ЕУ има случај кога БДП малу се поместува, но ветојатно ќе се достигне целта – 75 отсто од популацијата меѓу 24 и 64 години да бидат вработени.

– Така и кај нас се расипува квалитетот на вработените, додека бројот на вработени расте, објаснува тој.

Според податоци на Заводот за статистика во третото тримесечие во однос на истиот период лани бројот на вработени е зголемен за 67.900. Се регистрира и одредено подобрување на квалитетот на вработеноста со оглед дека е зголемен  бројот на формално вработените за 117.000 додека од друга страна намален е бројот на вработените на црно за 49.000.

Сепак, во Србија и понатаму работат 628.400 неформално вработени, и уште 207.000 се водат како формално вработени, но немааат ниту здравствено осигурување ниту право на пензиско осигурување што според Меѓународната органзиација за труд се води како неформално вработување. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.