Граѓаните се потешко ги враќаат кредитите, го пролонгираат периодот на враќање

Кредитниот раст во третиот квартал од 2017 година e со 0,3%, но зголемувањето е побавно во споредба со претходниот квартал за 2,2%, соопштуваат од Народна банка. Растот на кредитната активност произлегува од денарските кредити на домаќинствата, при намалена кредитна поддршка за корпоративните клиенти.

„Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем се намалија за 2 %, на квартална основа, што е најмногу резултат на затворањето на нефункционалните побарувања од нефинансиски друштва со преземање средства, коишто биле воспоставени како обезбедување за тие побарувања.

Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор забележа извесно квартално намалување од 0,2 процентни поена и достигна ниво од 6,6%. Нефункционалните кредити на домаќинствата бележат забрзан раст присутен уште од почетокот на 2017 година, што при истовремено зголемување на пролонгираните кредити и на кредитите кај кои задоцнувањето е помеѓу 61 и 90 дена, укажува на потребата од повнимателно следење и на ова портфолио“, се вели во соопштението на Народна банка.

Во него се додава дека повисокиот кредитен пораст кон домаќинствата го одржува учеството на нефункционалните во вкупните кредити на стабилно ниво од 2,6%, на 30 септември годинава.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести