Македонците добиваат 150 евра за К-15, колку пари исплаќаат работодавачите во Европа

Унгарците добиваат најголем „божиќен бонус“, како по номинален износ, така и по процентурлниот удел во бруто просечната плата во земјата. Литванците се на врвот на листата, додека износот на „13 плата“ во Македонија е околу 150 евра.

Според статистиката „божиќниот бонус“ во Унгарија во просек изнесува околу 845 евра што претставува 91% од просечната бруто плата во земјата.

Во соседна Србија каде што исплатата на регресот за годишен одмор е ретка појава и го добиваат само 8% од вработените, „13 плата“ изнесува просечно 481 евро или 86% од просечната бруто плата што е значително повеќе отколку во Хрватска и Словенија, анализира српски „Блиц“.

На трето место по висината на „К-15% е Словачка со просечни 787 евра или 79% од бруто платата, на четврто место е Босна и Херцеговина со 625 евра или 78% од просечната бруто заработка, а на петто место е Чешка каде се исплаќа по 724 евра регрес за годишен одмор или 69% од бруто платата.

Словенците со просечен бонус од 422 евра или 31% од бруто платата се наоѓаат на шестата позиција, а ги следат Пољаците со 262 евра или 28%, додека „божиќниот бонус“ во Хрватска е во просек 185 евра или 23% од бруто платата.

Годишните бонси во Естонија изнесуваат во просек по 201 евра или 22% од бруто платата додека во Финска и Летнонија работодавачите исплаќаат по 624 и 186 евра што е 21% од платата. Во Литванија 173 евра што е околу една петина од просечната бруто плата во оваа земја.

Годишните бонуси се најредовни во Хрватска каде ги добиваат 44% од вработените, во БиХ „13 плата“ добиваат 15% од вработените.

Во Македонија во 2014 година стапи на сила обврската, сите работодавачи да исплата регрес за годшен одмор на вработените до крајот на годината.

Оваа обврска која е уредена со Општиот колективен договор за приватниот сектор и предвидува дека до крајот на годината компаниите задолжително треба да им исплататат К-15 на вработените кои шест месеци работеле кај ист работодавач.

Тој износ е 40% пд просечната месечна плата во Македонија или оваа година тој износ е околу 9.120 денари по вработен или околу 150 евра.

Исклучени од оваа обврска се компаниите кои работеле со загуба, а оние кои што нема да исплатата К-15 предвидени се глоби па и затворски казни за работодавачите.

Нема прецизни официјални податоци колку вработени земаат К-15 и која сума реално ја земаат.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести