Дури 453.000 македонски граѓани живеат во сиромаштија

1626 Views Декември 22, 2017 Беспарица Никола Осило

Врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, Државниот завод за статистика во 2017 година ги пресмета лаекен индикаторите за сиромаштија за 2016 година.

Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. 

Според дефинитивните податоци, во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 21,9 отсто. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 20,2 отсто или 453.000 лица. 

Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,1 отсто. Коефициентот „Gini“ (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,6 отсто.
 

Фото: player96.fm.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!