Белград годинава ќе оствари 800 милиони евра приход од туризам

620 Views Декември 28, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Градоначалникот на Белград, Синиша Мали изјави дека главниот град оваа година ќе оствари 800 милиони евра приход од туризмот, наведувајќи дека бројот на туристите во Белград до крајот на годината ќе достигне милион. 

Градоначалникот рече дека пополнувањето на хотелските капацитети во централните градски општини „е речиси 100 отсто“.

„Оваа година соборуваме рекорди по бројот на туристи и по приходи од туризмот. Белград се покажа како центар на регионот кога е во прашање развојот на туризмот“, рече Мали за РТС.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.