Бутарис: Заев сам се покани да дојде во Солун за Нова година

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, тврди дека не го поканил Заев за Нова Година, туку македонскиот премиер сам се поканил.

„Јас не го поканив, всушност тој самиот се покани“, изјави за „Вима“, Бутарис, пренесува Независен.

„Кога го посетив Скопје во ноември, се запознав со него и ми кажа дека сака да ја помине Новата година во Солун. Му реков да дојде, времето ќе биде добро и ќе помине убаво... Не помислив дека ова ќе го сфати како формална покана. Сега дознав дека повеќе од 15 негови пријатели резервирале соби во хотелот 'Македонија палас' во Солун. Јас не се вклучив во тоа. Ако ми се јави, ќе одам да го видам, ако не, нека ја помине Нова година со своите пријатели“, вели градоначалникот на Солун.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Заев и градоначалникот Бутарис ќе вечераат заедно во Солун

(Галерија) Како изгледа „Македонија палас„, во Солун, во кој Заев ќе слави Нова Година

Заев за новогодишните празници на гости кај солунскиот градоначалник Бутарис

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.